Катанија и Беневенто ги знаеме како прволигаши, а сега се дел од Серија Ц. Но тоа со ништо не ја намалува страста на нивните навивачи кои направија спектакуларно шоу во 2. коло. Секоја чест.
Пиза игра супер сезона во италијанската Серија Б и во моментов по 13 средби е на второ место со 25 бода, само два помалку од лидерот Бреша. Во неделата играа против Беневенто и победија 1-0 со неверојатниот гол на 25-годишниот Израелец Јонатан Коен.
Толку од симпатичната приказна во Серија А наречена Беневенто на која дополнителен шмек и даваа балканските навивачи на Фејсбук. Газдата е ифрит лут и за последно коло не им плаќа авион.
Скоро еден месец по мечот Јувентус - Беневенто 0:1, админот на Беневенто балкан фанс пак се отвори, но овој пат со безобразен трол на кој сметаше дека нема потреба да стави прашалник.
Јувентус - Беневенто 0:1, (коефициент 14 за двојка) е шокантен резултат и за Јуве и за навивачите, а и за кладилница се разбира. Најсладок од сеирџиски аспект е за Беневенто Балкан Фанс. Пет статуси врзаа после сензацијата.
Удинезе сo ептен домаќински гест во пресрет на католички Божиќ. Вечерва го пречекуваат Беневенто и тоа со панетоне, италијански колач кој традиционално се дарува за големиот христијански празник. Ништо чудно кога ќе седнат и по едно еспресо да им донесат.
Борбата за опстанок и преживување во Серија А е во самата кулминација а веќе знаеме кој ќе заземе едно од слободните места. На 7 кола до крајот од сезоната Беневенто ја освои Серија Б и за вторпат во клупската историја после 2016/2017 ќе игра во елитната Серија А.
Дојдоа во Серија А тотално неочекувано од градче со 60.000 жители, како третолигаш 13 месеци претходно. Се удавија на табела со рекордни 12 порази по првите 12 кола. Но тоа сега не е важно, важно е дека ги имаат најдобрите навивачи кои на последниот меч на домашен терен сезонава (победа против Џенова 1:0) ги испратија во втора лига како херои.
Победничкиот менталитет, новата енергија, па ниту заушките на Гатузо не помогнаа Милан да не се посрамоти сезонава со Беневенто. И тоа по втор пат, овој пат бетер. Потоа очекувано. Се јавија Балканците.
Малиот клуб кој доаѓа од град со 60.000 жители и игра на стадион со 16.869 седишта е дефинитивно клуб со чудни контрасти. Редовно губи скоро секое коло од кој стигне, а на раат не ги остава екипите од горниот дел на табелата.
“Славниот“ Беневенто не е “славен“ само меѓу Турците, туку и меѓу Балканците кои за нив имаат направено Фејсбук страна за терање мајтапи. Го тролаат Икарди.
Италијанскиот прволигаш кој се прослави во Европа откако му откина бод на Милан во 96-та минута токму на дебито на Гатузо, а претходно три и пол месеци губеше од кој стигне, го следат и Турци. Ама многу Турци и тоа повеќе од Италијанци.
Вид Белец, голманот на Беневенто не можеше да го поднесе поразот на својот тим од Торино па реши на Нианг да му удри клоца при едно истрчување од шеснаесетникот. Очекувано доби директен црвен картон без размислување. Вид Белец е Словенец, дете на Марибор кој порано беше голман во Интер.
Беневенто изгуби 1-2 од конкурентот за опстанок СПАЛ и по сè изгледа со една нога е во Серија Б. Но моментот на овој меч го имаше десниот бек на Беневенто, Маурицио Летиција. Претходно попладнево цела Италија му се смееше на фудбалерот на Рома Диего Пероти за изведениот и промашен пенал против Каљари.
Беше тоа уште еден скроз ненадежен, 15-ти меч во низа на кој им се надзираше нов пораз, но еден од навивачите ја снимаше атмосферата на трибините во таа легендарна 95-та минута. Вели вака е пред голот. Потоа се знае. Експлозија.
Еден од нив вели вака: Голманот на Беневенто, Алберто Брињоли има постигнато повеќе голови од напаѓачот на Милан, Андре Силва кој го купија за 38 милиони евра.
Дебитантот во Серија А, Беневенто по 14 порази по ред стигна до првиот историски бод и тоа против Милан со гол на голманот Алберто Брињоли во последните моменти од мечот. Гатузо имаше деби „од соништата“.
Во недостиг на информации како нашево знаме завршило баш на оваа трибина во Италија, одиме со две претпоставки. Или се ова некои нашинци кои живеат таму и се загреале по дебитантот во Серија А кој не знае кај тера или па многу го почитуваат Никола Јакимовски.
Станаа првиот италијански клуб кој во рок од две години успеаа да влезат во втора, па во прва лига, ама следното коло ќе бидат првиот италијански клуб со 12 порази на 12 меча.
Две промоции во две сезони, од Серија Ц во Серија Б, и синоќа историски пласман на клубот од Југот во елитната Серија А. Што треба да знаеме за тимот во кој со успех игра и Македонецот Никола Јакимовски.