Испаднавте во Серија Б? Епа дрнкајте се 12 часа со автобус

Толку од симпатичната приказна во Серија А наречена Беневенто на која дополнителен шмек и даваа балканските навивачи на Фејсбук. Газдата е ифрит лут и за последно коло не им плаќа авион.

Беневенто беше во мртва трка за опстанок и во последно коло ќе имаше директен дуел, но откако во вторникот Торино извади бод од гостувањето против Лацио во заостанатиот меч и математички ги загубија шансите.

На некој начин Симоне Инѕаги го прати својот брат Филипо во Серија Б, бидејќи фаворитот Лацио не успеа да го совлада Торино, а Имобиле промаши пенал.

Претседателот на Беневенто Оресте Вигорито збеснал тоа што неговиот тим не успеал да остане во прволигашкото друштво и одлучил викендов да не им плаќа авионски билети на играчите за гостувањето против Торино.

Италијанските медиуми пренесуваат дека тимот од југот до северот на Италија ќе патува со автобус, за што се потребни 12 часа во еден правец и дека одлуката била донесена по предлог на ултрасите.

Постојат гласини дека Беневенто во последниот натпревар кој е без резултатско значење може ќе патува со младинци.

„Не се согласуваме. Тимот патуваше цела сезона со удобни чартер летови. Се надеваме дека овој пат можат да се качат и да патуваат со тимскиот автобус“, стои во соопштението на навивачите.

Инаку Беневенто влезе во Серија А минатото лето и имаше одлична полусезона држејќи 10-то место.

Потоа влегоа во катастрофална серија од 10 порази, 7 нерешени и само една победа и тоа против Јувентус на гости.

21 мај 2021 - 09:00