Админот на Беневенто Балкан Фанс пуштен на најјако

Јувентус - Беневенто 0:1, (коефициент 14 за двојка) е шокантен резултат и за Јуве и за навивачите, а и за кладилница се разбира. Најсладок од сеирџиски аспект е за Беневенто Балкан Фанс. Пет статуси врзаа после сензацијата.

Само пар реченици колку за потсетување кој е Беневенто. На 8 јуни 2017-та го славеа првиот историски влез во Серија А и веднаш станаа неславен клуб затоа што ги загубија првите 14 кола, рекорд во топ 5 европските лиги.

Агонијата им заврши на 3 декември 2017-та со оној незаборавен епски гол на голманот Алберто Брињоли во 95-та минута против Милан за конечни 2:2 и за прв бод во елитата. 

По една сезона испаднаа, а потоа за тренер го назначија Пипо Инѕаги со кој обезбедија второ учество во Серија А и тоа на 7 кола пред крајот на сезоната.

Во моментов се 16-ти со +7 од позицијата која води во втора лига и замислете против Јувентус сезонава освоија 4 бода или Јуве загуби 5 како сакате. Вчерашниот сензационален триумф им беше прва победа после 6 јануари.

Кој ли очекуваше дека гигантот кој се бори за 10-то Скудето во низа ќе загуби од Беневенто. Трансфермаркт вели дека Јуве тежи 689 милиони евра, а Беневенто 58 милиони или 12 пати повеќе. 

За Беневенто Балкан Фанс ваквите резултати се инспирација број 1.

А се потсетија и на:

22 март 2021 - 13:53