Benevento fans Macedonia

Во недостиг на информации како нашево знаме завршило баш на оваа трибина во Италија, одиме со две претпоставки. Или се ова некои нашинци кои живеат таму и се загреале по дебитантот во Серија А кој не знае кај тера или па многу го почитуваат Никола Јакимовски.

Се работи за македонски фудбалер од Крива Паланка кој кариерата ја почна во Македонија Ѓорче Петров, а лани настапуваше за Беневенто во Серија Б и сега е слободен играч.

Фотографијата е од мечот Беневенто - Лацио 1:5 на кој домаќините се доближија до еден доста неславен рекорд кој го држат Манчестер Јунајтед и Гренобл.

30 октомври 2017 - 15:06