Немаат крај мајтапите за Беневенто - Милан

Еден од нив вели вака: Голманот на Беневенто, Алберто Брињоли има постигнато повеќе голови од напаѓачот на Милан, Андре Силва кој го купија за 38 милиони евра.

Проверивме, точно е. Брињоли во 95-та минута полета во шеснаесетникот и му го донесе првиот бод на Беневенто, кој во Европа испиша нова историја од 14 порази по првите 14 кола. Значи има еден гол.
 
Младиот Андре Силва кој дојде летово од Порто за многу пари, постигна 8 гола, ама сите му се во Лига Европа. Во Серија А, има 0 голови, компир, ама и слабо настапи, само 8 од можни 15.
 
Реметењата на сметка на Милан не престануваат и на социјалните мрежи го прават пуздер тимот кој летоска потроши над 200 милиони евра на засилувања и не успеа да го совлада тимот кој до викендов не одеше.
 
Го намонтираа Монтела, довчерашниот тренер на Милан кој кога беше играч го викаа „Авиончето“.

Значи проблемот на Беневенто бил тоа што голманот играл на погрешна позиција.

Најдобрата слика од голот на Брињоли.

Опис за тоа кој е всушност голманот на Беневенто.

 
Да сум на местото на Де Зерби му го ставил Брињоли напаѓач.

 
Гестикулација на Перишиќ кој го славеше својот прв хет-трик во кариерата.

4 декември 2017 - 16:08