Твит на денот на Турците кои навиваат за Беневенто

Италијанскиот прволигаш кој се прослави во Европа откако му откина бод на Милан во 96-та минута токму на дебито на Гатузо, а претходно три и пол месеци губеше од кој стигне, го следат и Турци. Ама многу Турци и тоа повеќе од Италијанци.

Го читаш твитов на Турциве и не знаеш дали се смееш или да се чудиш.

„Ви благодариме за вашата поддршка, во моментов сме најследената турска група меѓу италијанските екипи. Повеќе и од официјалниот италијански профил на Беневенто. Ви благодариме карамела чоколади“, се вели во твитот.

Ајде да ги споредиме:

Ова е официјалниот Твитер на клубот

Ова е на турските навивачи. Што значи разликата е околу 2.700.

Инаку Беневенто има 10 бода и скор од 3 победи, едно реми и 21 пораз. Ги совлада Сампдорија, Киево и Кротоне, сите на домашен терен.

23 февруари 2018 - 14:25