Италијанскиот прволигаш Беневенто кој 80 години се движеше меѓу трета и петта лига сезонава стана хит во Италија после два моменти.
Првиот кога го испиша најнеславниот рекорд во Европа од 14 порази по ред на 14-те стартни кола, а вториот со начинот на кој ја прекина таа серија со гол на нивниот голман и тоа во 95-та минута против Милан.
Беневенто на 7 кола до крајот има бедни 13 бода освоени со тоа единствено реми против Милан, 4 победи и 26 порази, што значи му се ближи денот кога и официјално ќе се врати во втора лига.
Но она што стана доста забележливо од жртвата број 1 во Серија А против кој сите штанцаат бодови и билдаат гол разлика е нивниот учинок против екипите од врвот на табелата.
Интересно Беневенто освен против Наполи успеа да ги затресе мрежите против сите други големи екипи. И тоа пазете со Јуве на гости имаше водство, а дома на два пати израмнуваше.
Ова се резултатите од средбите на кои постигнале гол против најсилните италијански екипи:
Беневенто - Интер 1:2
Беневенто - Лацио 1:5
Јувентус - Беневенто 2:1
Беневенто - Милан 2:2
Рома - Беневенто 5:2
Лацио - Беневенто 6:2
Беневенто - Јувентус 2:4
Пазете го ова
Не може да не стегнат и некој мајтап
Инаку ја знаете разликата меѓу Беневенто и ПСЖ така?