Годината што изминува можеби е една од подобрите кога македонската репрезентација е во прашање.
Останавме 68-ми на свет со сосема добри шанси да обезбедиме историски пласман на едно Европско првенство, преку плејофот на Лига на нации.
Веднаш зад нас на листата е учесникот на Мундијалот 2018 во Русија, Саудиска Арабија, а пред нас е Алжир. Селекцијата против која ќе играме во полуфиналето од Лига на нации, Косово е рангирана на 131. место со 113 поени.
Од ривалите против кои ќе играме во квалификациите за Европско, Полска најдобро котира и е 20-та, Австрија е 22-ра, а Израел е на 90 место.
Врвот останува непроменето. Во Топ 10 води Белгија пред светскиот шампион Франција, Бразил, Хрватска и Англија. Зад нив се Португалија, Уругвај, Швајцарија и Данска.
Следното рангирање ќе се објави на 7 февруари 2019 година.