Македонската фудбалска репрезентација за жал не успеа да оствари уште сон од детството, ама остави срце на терен, ја победи Италија и оствари напредот во рангирањето.
Светската куќа на фудбалот го објави последното рангирање за оваа година, која ние ќе ја паметиме не по тоа кои сме на табела, туку до каде успеавме да стигнеме.
Нема промени за македонската фудбалска репрезентација на најновото рангирање според ФИФА, за што многу не се потресовме со оглед на тоа што годинава остваривме епски успех за паметење.
Едно ама вредно место скокна македонската фудбалска репрезентација. Убаво е чувството кога се поминуваат соседите кои едно време по 50 места ни бегаа и јаче.
Со оглед на тоа што немаше никакви активности, македонската фудбалска репрезентација останува на истата позиција како на претходното рангирање на ФИФА.
Позитивните резултати на двете последни гостувања на македонската фудбалска репрезентација и донесоа скок од две места на септемвриската ранг листа на ФИФА.
По четирите освоени бодови на стартот на квалификациите за ЕП 2020, македонската фудбалска репрезентација бележи скок од три места на ранг листата на ФИФА.
Светската куќа на фудбалот ја објави првата ранг листа за 2019-та на која евидентни промени има само кај земјите кои учествуваат во Азискиот Куп на нации.
И покрај двете победи по ред во Лига на нации, македонската фудбалска репрезентација останува на истата позиција на рангот на ФИФА која ја држи веќе три месеци.
Македонската фудбалска репрезентација игра фудбал, победува, а тоа постепено ги носи на сè повисока позиција на ранг листата на ФИФА. Март 2017: 166-ти. Септември 2018: 68-ми. Браво.