Нашиот национален тим овој месец прво загуби од Австрија, а потоа го совлада Израел и со тие два резултати останува 68-ма фудбалска земја во светот.
Со оглед на тоа што во декември немаат никакви активности, момците на Игор Ангеловски остануваат на оваа позиција и на крајот на годината.
Следниот предизвик им е полуфиналето од Лига на нации против Косово на 26 март, кој е на 115-та позиција на последното рангирање на ФИФА.
Инаку двете селекции од другото полуфинале се исто така под нас. Белорусија на 87-мо, а Грузија на 91-во место.
Лидер и натаму е Белгија, пред светскиот првак Франција. Трет е Бразил, а во топ 10 се уште и Англија, Уругвај, Хрватска, Португалија, Шпанија, Аргентина и Колумбија.