
На најновата ранг листа, која ФИФА ја објави денеска, македонските фудбалери бележат скок од пет места и се наоѓаат на 62-та позиција. Тоа се должи на победата над Италија во Палермо.
Пред нас се селекциите на Панама, Гана, Босна и Херцеговина и Венецуела, а зад нас Исланд, Јамајка, Словенија и Албанија.
Сите три противници од групата во Лига на нации котираат пониско од нас. Бугарија е 71-ва, Грузија 86-та, а аутсајдерот Гибралтар се наоѓа на 203-та позиција.
На лидерската позиција Бразил по долго време ја симна Белгија, а во топ 10 сè уште и Франција, Аргентина, Англија, Италија, Шпанија, Португалија, Мексико и Холандија.