Според најновото рангирање на ФИФА Македонија е 68-ма фудбалска земја во светот, позиција која ја имаше во 2010-та година.
Момците на Игор Ангеловски успешно ги стартуваа квалификации за Европското првенство кое се игра следната година. Славеа против Летонија, а потоа освоија важен бод на гости против Словенија.
68-ма позиција ја делиме со селекцијата на Гвинеја, а пред нас се Обединети Арапски Емирати, Брегот на слоновата коска, Мали, Боливија..
Најдобриот историски пласман е оној со Среќко Катанец кога во 2008-ма година се наоѓавме на 46-та позиција. За да се брка повторно такво нешто потребни се победи против поголеми од нас, како на пример Полска и Австрија со кои играме во јуни.
Инаку од нашата квалификациска група подобри се Полска (20), Австрија (34) и Словенија (63), а под нас се Израел (84) и Летонија (134).
Во топ 10 се Белгија, Франција, Бразил, Англија, Хрватска, Уругвај, Португалија, Швајцарија, Шпанија и Данска.