На најновата и последна ранг листа за 2020-та, македонска фудбалска репрезентација се наоѓа на 65-та позиција, што значи нема промени во однос на претходното рангирање.
Но тоа во моментов е многу помалку важно, бидејќи 2020-та година ќе ја паметиме по успехот кој скоро три децении изгледаше недостижен за сите генерации кои поминаа во националниот тим.
Она што им следува на момците на Игор Ангеловски се квалификациите за СП 2022 кои стартуваат во март, па да фрлиме око како стојат на ранг листа нашите противници од кои три се пред нас.
Германија е 13-та, Романија 37-ма, Исланд 46-ти, а после нас се Ерменија како 99-та и Лихтенштајн кој се наоѓа на 181-та позиција.
На врвот нема промени. Лидер и натаму е Белгија пред Франција, Бразил, Англија и Португалија, Шпанија, Аргентина, Уругвај, Мексико и Италија.
Го чекаме месец март, кога Македонија во рок од седум дена ќе ги одигра првите три квалификациски дуели за Мундијалот во Катар.