Нашиот национален тим одигра нерешено против Израел на гости, а потоа ја совлада Летонија со 0:2 и токму со овие четири освоени бодови во квалификациите за ЕП 2020, скокнаа две места и се најдоа на 69-та позиција.
Од нашата група и натаму најдобра е Полска која котира на 22-ра позиција, Австрија е 27-ма, а Словенија 58-ма. Под нас се Израел како 86-ти и Летонија како 139-та фудбалска земја во светот.
На врвот е Белгија, а во топ 10 сè уште и Франција, Англија, Португалија, Уругвај, Шпанија, Хрватска, Колумбија и Аргентина.
На 10 октомври Македонија ја пречекува Словенија дома, натпревар кој е многу важен за нас, бидејќи Словенците се втори, а ни бегаат само 3 бода.