На најновото јунско рангирање, Македонија се наоѓа на 68-ма позиција, а падот од три позиции се должи на поразите од Украина и Англија во евроквалификациите.
Пред нас се наоѓаат селекции како Исланд, Зеленортски Острови, Албанија, Северна Ирска и Јамајка, а под нас се Конго, Ирак, Црна Гора, Обединети Арапски Емирати, Оман...
На врвот и натаму е Аргентина, пред Франција и Бразил, а во топ 10 се и Англија, Белгија, Хрватска, Холандија, Италија, Португалија и Шпанија.
Можност за поправен избраниците на Боби Милевски ќе го имаат во септември, односно на 9-ти дома со Италија и на 12-ти на гости против Малта.