
Македонија беше поразена од Грузија на гости, а потоа и од Бугарија дома, но не загуби многу на рангирањето на ФИФА.
Падна само едно место и сега е на 65-та позиција пред Албанија, Јужна Африка, Ирак, Црна Гора, а зад Јамајка, Словенија, Исланд, Гана.
Најдобрата позиција оваа година, македонската репрезентација ја оствари после сензацијата во Палермо кога стигна до 62-ро место.
На првото место е Бразил, а во топ 10 влегуваат и Белгија, Аргентина Франција, Англија, Италија, Шпанија, Холандија, Португалија и Данска.
Следните предизвици се редовните квалификации за ЕП 2024 за кои ждрепката е на 9 октомври.