Според најновата ранг листа на ФИФА македонската фудбалска репрезентација бележи напредок од три позиции и сега е на 62-ра позиција. Ги минавме Словенија и Црна Гора, а пред нас се Конго и Буркина Фасо.
Овој скок на Македонија се должи на победите против Лихтенштајн и Германија, а доколку останевме непоразени против Романија ќе имавме уште поголем напредок.
Со оглед на играта и резултатите на јунаците на Ангеловски, сигурно дека оваа селекцијата може уште да напредува на ова рангирање. Рекордот и натаму е оној од октомври 2008 кога под водство на Среќко Катанец бевме 46-ти.
Од нашите следни противници во групната фаза на ЕП 2020, Холандија е на 12-то место, а Украина и Австрија се една до друга на 24-та и 25-та позиција.
На врвот и натаму е Белгија, а во топ 10 се и Франција, Бразил, Англија, Португалија, Шпанија, Италија, Аргентина, Уругвај и Данска.
Ако ве интересираат Германците, тие се 12-ти.