Според најновата и последна ранг листа за 2019-та, Македонија останува на 68-мо место.
Во однос на лани, тоа е истата позиција, а во однос на претходните години, тоа е напредок, особено од 2016-та кога нашиот национален тим беше во голема криза и заврши на бедното 162-ро место. Во 2017-та беше 76-та.
Косово како наш противник во полуфиналето од Лига на нации е 115-ти, а подолу од нас се и селекциите кои ќе играат во другото полуфинале. Белорусија е 87-ма, а Грузија 91-ва.
Број 1 на рангот останува Белгија, втора е Франција, па Бразил, а во топ 10 се уште и Англија, Уругвај, Хрватска, Португалија, Шпанија, Аргентина и Колумбија.
Дуелот меѓу Македонија и Косово се игра на 26 март на наш терен.