Избраниците на Игор Ангеловски имаа успешен септемвриски репрезентативен циклус поради кој се должи напредокот на рангот на ФИФА. Освоија 4 бода откако прво ја совладаа Ерменија дома 2:1, а потоа одиграа 1:1 на гостувањето против Грузија.
66-то место, Македонија го дели со Албанија и Саудиска Арабија, а од противниците во нашата група во новата сезона во Лига на нации, Грузија е 89-та, Ерменија 101-ва, а Естонија 108-ма.
На врвот нема промени. Прва е Белгија пред Франција, Бразил, Англија и Португалија, а во топ 10 се уште и Уругвај, Шпанија, Хрватска, Аргентина и Колумбија.
Косово, кој е наш противник во полуфиналето од минатата сезона на 8 октомври во Скопје се наоѓа на 116-та позиција.