Македонија ги совлада Ерменија и Гибралтар во последните две кола од групната фаза во Лига на нации, но немаше напредок на најновото ноемвриско рангирање на ФИФА.
Нашиот национален тим останува на 68-мо место, пред Саудиска Арабија, Ел Салвадор и Панама, а после Алжир, Гвинеја и Брегот на Слоновата Коска.
Косово кој е наш противник во полуфиналето од Лига на нации во далечната 2020-та година скокна шест позиции и сега се наоѓа на 131-ва позиција.
На врвот и натаму е лидер Белгија пред Франција, Бразил, Хрватска и Англија. Португалија рипна на шеста, а Уругвај падна на седма позиција. Во топ 10 влегуваат уште и Швајцарија, Шпанија и Данска.
Со оглед на тоа што момците на Игор Ангеловски немаат репрезентативни обврски во декември, најверојатно 2018-та ќе ја завршат на истата позиција.