Македонија останува на 68. позиција на ранг листата на ФИФА а местото го делиме со Зеленортските острови. По последната ранг листа Македонија одигра две средби - славеше дома 4-1 против Лихтенштајн и изгуби 4-0 од Ерменија, пораз кој во право време, пред клучните средби, ги спушти на земја избраниците на селекторот Ангеловски.
Очекувано најголем и најзаслужен напредок бележи Гибралтар, најновата членка федерација на УЕФА кој направи сензации со победите над Ерменија на гости 0-1 и Лихтенштајн дома 2-0.
Гибралтар скокна осум позиции и сега е на 190. место во рангирањето.
Од нашата група Лихтенштајн доживеа пад од четири места и сега е 182-ри а на Ерменија за ранг листата не и значи убедливиот триумф над Македонија и поради поразот од Гибралтар падна едно место (сега е 101-ва).
Прва репрезентација на светот е Белгија со само еден бод повеќе од Франција. Бразил е трет, Хрватска четврта а Англија петта по големата победа над Шпанија. Во Топ 10 се уште и Уругвај, Португалија, Швајцарија, Шпанија и Данска.