Македонската фудбалска репрезентација падна за едно место на најновото рангирање на ФИФА и во моментов е 69-та фудбалска земја во светот.
Назадување на светската ранг листа се случува после ремито против Молдавија и поразот од Црна Гора.
Инаку едно место зад нас е токму Црна Гора која има напредок од две позиции, а пред се Гана, Обединети Арапски Емирати, Албанија...
Лидерската позиција ја држи светскиот првак Аргентина, втора е Франција, а сега трета е Белгија, која си го замени местото со Англија, која падна на четврто место.
Во топ 10 сè уште и Бразил, Португалија, Холандија, Шпанија, Италија и Хрватска.
Интересно, Русија нема право да игра официјални натпревари, но ја има на рангот на ФИФА и со напредок од три позиции се наоѓа на 35-то место.
Последна фудбалска земја во светот е Сан Марино на 210-та позиција.