Македонската фудбалска репрезентација немаше активности минатиот месец, но поради поместувањата на селекциите кои бележат промени поради ангажманите во Азискиот Куп, клизна три позиции.
Нашиот национален тим сега е 71-ва фудбалска земја во светот. По нас се Кина, Ел Салвадор, Јужна Африка, а над нас Саудиска Арабија, Алжир, Гвинеја.
Најголем напредок во февруарското рангирање бележи Катар кој со триумфот на Азискиот Куп скокна дури 38 позиции и сега е на 55-то место, а финалистот Јапонија е 27-ма со скок од 23 места.
На врвот нема промени. Лидер и натаму е Белгија, а во топ 10 влегуваат и Франција, Бразил, Хрватска, Англија, Португалија, Уругвај, Швајцарија, Шпанија и Данска.
Се ближат квалификации за ЕП 2020. Првиот меч Македонија го игра дома против Летонија на 21 март.