На најновата ранг листа на ФИФА нашиот национален тим напредуваше една позиција и сега е 65-та фудбалска земја во светот.
Зад нас се Бугарија, Саудиска Арабија, Ел Салвадор, Албанија, а пред нас Црна Гора, Хондурас, Словенија, Брегот на Слоновата Коска.
Овој напредок се должи откако одигравме три натпревари во Лига на Нации на кои во плејофот славевме против Косово, а во новата сезона од групната фаза одиграме две нерешени, на гости со Естонија, па со Грузија дома.
Инаку Грузија како наш следен противник со кој го играме исторското финале на 12 ноември на гости е на 86-та позиција.
На врвот и понатаму е Белгија, а во топ десет се и селекциите на Франција, Бразил, Англија, Португалија, Шпанија, Уругвај, Аргентина, Хрватска и Колумбија.