Според најновата ранг листа на ФИФА, македонската фудбалска репрезентација скокна две позиции и сега е на 71-во место, кое го дели со Кина, исто како и на претходното рангирање.
Под нас се Боливија, Панама и Гвинеја, а над нас Јужна Африка, Ел Салвадор, Саудиска Арабија, Хондурас, Еквадор, Обединети Арапски Емирати...
Од нашата квалификациска група за ЕП 2020 најдобра е Полска која од 19-та се симна на 20-то место. Потоа следува Австрија на 27-ма позиција, па Словенија 63-та, Израел е 84-ти и Летонија 134-та.
Лидер е натаму е Белгија, а во топ 10 сè уште и Бразил, Франција, Англија, Уругвај, Португалија, Хрватска, Колумбија, Шпанија и Аргентина.
Настапите во квалификацискиот циклус за Европското следната година, момците на Ангеловски ги продолжуваат во септември со две гостувања. На 5-ти во Израел, а на 9-ти во Летонија.