На јунската ранг листа на ФИФА, Македонија клизна од 62-ра на 64-та позиција и има 1.375 поени.
Овој пад се должи на неуспешните резултати на нашиот национален тим во првите четири кола од новото издание во Лига на нации.
Од можни 12, Македонија освои само 7 бода и е на втора позиција во групата, само со теоретски шанси за пласман на ЕП 2024.
Сите три противници во нашата група се под нас. Бугарија е 74-та, Грузија 82-ра, а Гибралтар 201-ва фудбалска земја во светот.
На врвот и натаму е Бразил, пред Белгија, додека на третото место изби Аргентина пред Франција. Во топ 10 се најдоа уште и Англија, Шпанија, Италија, Холандија, Португалија и Данска.
Последните две кола од Лига на нации, избраниците на Боби Милевски играат ги играат против Грузија на гости (23.9) и Бугарија на домашен терен (26.9).