Според најновиот ранкинг на ФИФА, Македонија напреднала две позиции во однос на минатиот месец и сега е 68-ма фудбалска земја во светот.
Тоа се должи на двете победи против Гибралтар на гости и дома со Ерменија на стартот од Лигата на нации.
Под 70-та позиција нашиот национален не тим не бил во последниве 8 години. Последен пат тоа се случи во 2010-та кога беше рангирана на 66-та позиција.
Под нас се Алжир, Панама и Саудиска Арабија, а над нас Зелен Рт`, Брегот на Слоновата Коска, Гвинеја, Египет, Мали, Хондурас, земји кои можеме и треба да ги поминеме.
Избраниците на Игор Ангеловски се во фантастична серија од 9 меча без пораз, а последен пат загубија од Шпанија во јуни минатата година.
На 13 октомври го пречекуваат Лихтенштајн, а и 16-ти гостуваат на Ерменија.
Челната позиција ја делат Белгија и Франција, а во топ 10 влегуваат уште и Бразил, Хрватска, Уругвај, Англија, Португалија, Швајцарија, Шпанија и Данска.