Во финалето на плејофот за пласман во Серија А, Венеција во реваншот со Читадела израмни на 1:1 со гол во 93' минута и благодарение на триумфот од 1 гол на првиот меч, оди во елитата.
Венеција во Серија А не била уште од 2002 година. За овие 19 години клубот мина многу турбулентни времиња: банкрот (дури три пати), испаѓање дури во полу-аматерската Серија Д, периоди пред гаснење.
Затоа враќањето на Венеција во Серија А се прослави речиси како скудето.
На улиците на легендарниот град излегле десетина илјади навивачи:
Прославата почнала на плоштадот Сан Марко - култниот плоштад во Венеција. Играчите и тренерите носеле маички со натпис „А“ за асоцијација каде се враќаат.
Главен на прославата беше тренерот Паоло Ѕанети кого го носеле буквално на раце по улиците на градот
А главното почнало подоцна. Екипата и тифозите продолжиле со прослава по главните канали во Венеција во окружување на многу гондоли.