Традиционално, сообраќајот на автопатот Пријателство и премините кон Грција се интензивира за време на велигденските празници. За жал ретко кој ќе стигне толку далеку на југ за да се запознае со велигденската традиција на островот Калимнос.
Наполи 6-ти пат во историјата ја освои Копа Италија, а триумфот им е уште посладок зошто го победија најголемиот ривал од богатиот север - Јувентус. И нема да излезат на улици? Па не корона, топови да пукаат тие ќе славеа.
Во средата фудбалскиот клуб Падова, од третата италијанска лига, прослави супер јубилеј: 110 години од основањето. Во серијата настани и церемонии, најјака беше навивачката претстава.
Денес меѓу навивачите секој си толкува како што му одговара, па така оние на чаирска Слога прославија јубилеј од 30 години од своето основање (веројатно кога првпат го виделе стадионот, затоа што јубилеј се слави кога првпат си започнал со организирано навивање а тоа подразбира сè што подразбира, не грицкање семки).
Синоќа во Торонто се одржа првата шампионска парада во историјата на овој град. На улиците излегле повеќе од 1,5 милиони жители. Првите почнале да се собираат уште во 5 сабајле. Имало пукотници, огномети, истрели, нереди и многу испиен алкохол.
Овие имаат буџет од милијарди фунти, најплатени фудбалери, најдобар тренер на светот, станаа прв клуб во историјата кој освоил тројна круна во Англија (Премиер, ФА Куп, Лига Куп). Ама некако навивачите „пластично“ го бодрат клубот. Пази ова:
Клубот од Амстердам игра неверојатна сезона. Викендов го освоија првиот трофеј, оној од холандскиот Куп (4-0 против Вилјем 2) и го прославија со навивачите. На две кола пред крајот од Ередивизија, Ајакс има исто бодови со ПСВ, по 80 и е на чекор од титулата. Ако влезат во финале на ЛШ, можеме да замислиме што ќе прават навивачите.
Во Фенербахче Обрадовиќ им е како татко на играчите а за тој однос на времето зборуваше и нашиот Перо Антиќ. Пред неколку дена на Јан Весели му се родило дете а прославата била во ресторан во Истанбул каде Жељко повел едно традиционално орце.
По 1998 година, Франција денес вторпат стана светски шампион откако во финалето со 4:2 убедливо ја совлада Хрватска. На улиците на француските градови излегле милиони луѓе, а најлудо е во Париз.
Репрезентацијата на Франија ги победи Белгијците со 1:0 и се пласираше во финале на Светско првенство, првпат после 2006 година. Пред две години играа во финале на Европско но изгубија.
Белгија е во полуфинале на Светско првенство првпат после 1986-та година. Откако го збришаа и петкратниот светски првак и закажаа мега-дерби со Франција во полуфиналето, славјето ширум земјата траело цела ноќ.
Фудбалерите на бразилскиот Гремио по трет пат во историјата го освоија најдрагоцениот пехар на континентот Јужна Америка откако и во реваншот го совладаа Ланус од Аргентина (1-2). На улиците на Порто Алегре излегле преку сто илјади луѓе.
Португалецот го освои вториот пехар во Лига Европа и на Манчестер Јунајтед му го донесе 42-от трофеј во клупскиот музеј, и стана првиот тренер во историјата со злато од Лигата на шампионите и Лига Европа.
Управата на кралскиот клуб решила голема фиеста по повод титулата во Ла Лига да има на „Сантијаго Бернабеу“ но по одигрувањето на финалето на ЛШ. Затоа синоќа десетици илјади Мадриѓани ги поздравија шампионите на легендарниот плоштад Сибелес каде Реал ги прославува сите трофеи.
Ждрепките на кои се влечат паровите од најстарото натпреварување на светот во Англија се следат со посебна драж. Така навивачите на петтолигашот Сутон кој се наоѓа во истоименото лондонско предградие паднаа во транс кога дознаа кој ќе им гостува во 5. рунда.
Сè започнало во 2003. година кога 80 навивачи на Унион Берлин тајно влегле на стадионот за Божиќ и испеале неколку навивачки и празнични песни. Од тогаш главната Божиќна вечера традиционално се одржува на стадионот.
Вака големо уважување кон еден играч во НБА ретко кој град имал како што тоа го манифестираше Сан Антонио вчера, официјално на Денот на Тим Данкан. И старо и младо му изрази благодарност за се што направи во црно-белиот дрес 21.
Навивачите и играчите на Реал Мадрид не спиеле цела ноќ, а главната прослава се одигра рано утринава во 7.30 на плоштадот Цибелес каде играчите стигнаа со клупскиот автобус пред 30.000 навивачи.