
Унион Берлин е клуб од источен Берлин и игра во втората германска Бундеслига. Денес Божиќната прослава клубот и навивачите ја планираат неколку месеци однапред. Во петокот на стадионот дошле 28.500 луѓе. Порано влезот бил бесплатен, но од 2013 година се продаваат билети чија што цена изнесува од 5 евра па нагоре. Годинава билетите биле распродадени за помалку од една недела.