Таг: унион берлин

Германските навивачи се од некоја друга лига

Навивачите на Унион Берлин му даваат поддршка на тим за играчи до 19 години на футсал натпревар. Нема што да коментираме и споредуваме. Културолошки ова е несфатливо за нас. Кој знае колку им е јако на децава.

Фудбалер на Унион Берлин со силна кандидатура за глума на сезоната

Театарската претстава ја приреди Французинот Лукас Тусарт на мечот меѓу Брага и Унион Берлин, за која доби награда од судијата, картон во жолта боја.

Не го променија ниту влезот во Бундеслига и ЛШ, со точак си оди од стадион

Не се вика Халанд, Мбапе, Меси или Роналдо, туку Кевин Бехренс. Целосна непознаница за фудбалскиот свет кој стапна на елитнатата фудбалската сцена. Ама остана ист.

Белингем во 94-та му донесе триумф на Реал, Галатасарај едвај до бод

Реал Мадрид едвај ја оправда фаворитската улога во првото коло од ЛШ. Ги спаси Белингем, како многу пати до сега, кој на првите 6 меча е во фантастична низа од 6 гола и една асистенција. Галатасарај извади 2:2 со голови во 86-та и 88-ма минута.

Мислевте дека Левандовски царува само во шеснаесетник?

Важи за класична голгерска 9-ка која не простува и владее во опасната зона за шут, ама чекајте да видите како се однесува кога ќе го остават сам на 20 метри. Џабе си ги испржи прстите голманот на Штутгарт.

Унион Берлин ќе тестира по 22.000 навивачи за да има публика на стадион

Додека во Шпанија, Англија и Италија се доигруваат фудбалските сезони, Германците веќе мислат на следната. Сега главен предизвик им е како да ги наполнат стадионите во 2020/2021.

Берлин е ова или Кисела Вода?

Пред едно 15-20 години гледавме меч од првата македонска лига меѓу Цементарница 55 и Пелистер во Кисела Вода. Седевме на единствената трибина, на бетон, а еден позади нас еден се качи со скала, директно од двор. И сега пази ова, во Бундеслига имаше сличен пример, ви се верува?

Најубавата предбожиќна прослава во Берлин е на стадион

Традиција која трае 16 години и која по многу нешта е поврзана со фудбалот: во пресрет на Божиќ, на стадионот на Унион Берлин се собираат околу 30.000 луѓе.

Емотивна кореографија на навивачите на Унион Берлин

Еден од најсаканите клубови во Берлин, клубот Унион Берлин за првпат во историјата игра во Бундеслига. Навивачите на првиот меч од сезоната против Лајпциг носеа слики од нивните најблиски роднини и пријатели кои цел живот биле со клубот, но сега веќе не се меѓу живите.

Лудо славје во Берлин, Унион влезе во Бундеслига првпат во историјата

Унион Берлин важи за еден од најсимпатичните клубови во Германија чии навивачи на времето собираа самоиницијативно пари за реконструкција на стадионот кој синоќа ја доживеа најголемата радост во клупската историја.

Голман даде гол во продолжение и извади бод за екипата

Унион Берлин губеше 0:1 од Хајденхајм во втората германска Бундеслига но во судиското продолжение Рафал Гикевич, полскиот голман на домашните стана јунак откако со глава ја заби топката во гол за 1-1 и голем бод. Унион е второ место во лигата.

Што прават играчите кога пријателска ќе се прекине поради дожд

Англискиот КПР и германскиот Унион Берлин мораа да ја прекинат пријателската поради силен дожд веќе во 13’ минута. Работниците на стадионот не можеа да се справат со водата и делегатот го прекина мечот. А фудбалерите?

Приказната за клубот кој навивачите го спасија со својата крв

Да ги оставиме за момент Барселона, ПСЖ, Борусија Дортмунд и сите останати гиганти кои се тема број 1 овие денови. Одиме со една мала фудбалска приказна во која владее само едно нешто: навивачка љубов до коска.

Навивачка љубов посилна од терористички закани

Сè започнало во 2003. година кога 80 навивачи на Унион Берлин тајно влегле на стадионот за Божиќ и испеале неколку навивачки и празнични песни. Од тогаш главната Божиќна вечера традиционално се одржува на стадионот.

Судијка асистираше за гол, брат му на Крос вриштеше

Женскиот судија Бибиана Штајнхаус веќе долго суди во германскиот фудбал, а јавноста ја запозна уште во 2010-та кога фудбалерот на Херта, Петер Нимаер случајно ја фати за гради а сега со неа се случи нов момент.

Зошто Ред Бул Лајпциг е најомразен клуб во цела Германија

Тимот на Ред Бул Лајпциг обезбеди пласман во Бундеслигата, елитното германско друштво, но малкумина во оваа земја се среќни со тоа.

Добрата божиќна традиција на Унион Берлин

Во германскиот клуб Унион Берлин има прекрасна традиција: Пред Божиќ навивачите се собираат на стадионот каде заедно со градскиот хор ја пеат химната на клубот и не само тоа.

Вечната потрага на Берлин по фудбалски идентитет

Главните градови низ Европа се полни со различности и Берлин не е исклучок. Сепак кога се зборува за фудбалот, главниот град на Германија лежи во сенка, а причините за тоа се различни.

15 минутен молк во Берлин како борба против модерниот фудбал

Навивачите на второлигашот Унион Берлин нема да навиваат во првите 15 минути на дуелот против Лајпциг во петок, затоа што спонзорот на Лајпциг не ја почитува фудбалската култура и се расфрла со пари.

Навивачката божиќна традиција руши рекорди

Необичната традиција на навивачите на Унион Берлин продолжи и оваа година, но овој пат на стадионот кој сами го градеа за клубот кој го спасија со својата крв, дојдоа рекорден број на луѓе само за да пеат божиќни песни.

Необичната навивачка божиќна традиција

Навивачите на германскиот второлигаш Унион Берлин пред 8 години го спасија клубот со својата крв, пред 4 години сами го реновираа стадионот, а во неделата го преполнија истиот, но не заради фудбалски натпревар, туку за да пеат божиќни песни.