Унион Берлин ќе тестира по 22.000 навивачи за да има публика на стадион

Додека во Шпанија, Англија и Италија се доигруваат фудбалските сезони, Германците веќе мислат на следната. Сега главен предизвик им е како да ги наполнат стадионите во 2020/2021.

Унион Берлин, клубот со едни од најверните навивачи во цела Европа, се надева дека ќе го наполни стадионот „Ан дер Алтен Ферстерај“ уште од прво коло следната сезона. Овој стадион има капацитет од 22.000 гледачи.

Унион спрема долгорочен план. Според претседателот Дирк Цинглер, тие никогаш не го бирале полесниот пат.

Клубот ќе се фокусира на успешното искуство кое го имаше Бундеслига: со помош на многу тестови, маски, заштита и мерки, германскиот фудбал ја доигра сезоната без ниту една зараза зошто во директен контакт беа само негативни лица.

Унион Берлин сега сака тоа да го изведе за целиот свој стадион, односно да ги тестира сите кои ќе купат карта за натпреварите, што значи дека 22.000 лица би морале да бидат тестирани пред секој домашен меч.

Секој навивач освен карта, на врата ќе мора да покаже и негативен тест направен неколку часа пред мечот. Доколку Унион Берлин се реши да ги плаќа сите тестови за своите навивачи, тогаш пресметката е дека секој домашен меч ќе го чини клубот повеќе од 1 милион евра.

А проблем нема да бидат само парите туку и дали е изводливо да се тестираат толку навивачи во еден ден па затоа веќе водат преговори со потенцијални партнери. Следна етапа на Унион Берлин ќе му биде договор со локалните здравствени власти.

УНИОН ИМА ТЕСНА ВРСКА СО СВОИТЕ НАВИВАЧИ И ТИМОТ НЕ МОЖЕ ДА ИГРА БЕЗ НИВ

Унион Берлин има посебна врска со своите навивачи. Дури ни во една Германија нема клуб со такво активно учество на навивачите во животот на клубот.

Берлинците се посебни. Тие за време на Светското првенство 2014 во Бразил донеле кревети и маси на стадионот за сите заедно да гледаат фудбал.

Секоја година веќе е голема традиција илјадници навивачи на Унион да се собираат пред Божиќ на стадионот и заедно да пеат божиќни песни и да палат празнични свеќи.

„Впечаток од нашиот стадион е дека тој не функционира при социјална дистанца. Ако не ни дават да пееме и викаме, тоа веќе не е Унион. Ние го преземаме организациониот расход на себе. Наша цел е да ги вратиме луѓето на фудбалот кој го сакаат, кој го чекаат“, вели Цинглер, претседателот на Унион.

Навивачите на Унион сами помогнале во реконструкција на стадионот за да го спасат клубот да не ја изгуби лиценцата за Бундеслига. Во 2008-ма година околу 2.000 навивачи на Унион Берлин секојдневно оделе на работа да ги градат трибините и да наместат кров.

Често даваат крв за да ги угасат долговите на клубот и да го спасат од банкрот. Во 2004-та година во буџетот на Унион Берлин имало 1,5 милиони евра добиени од неколку крводарителски акции - по 10 евра од секој дарител оделе на сметка на клубот.

18.000 од 22.000 седечки места на стадионот „Ан дер Алтен Ферстерај“ се стоечки. Има само една трибина со седечки места а сите останати три се како ултрас-сектори каде грмат песни.

Навивачите се толку многу блиски со клубот така што екипата тешко се адаптира да игра без нив.