Во германскиот фудбал има многу примери за тотална лојаност на навивачите кон својот клуб. Стадионот на Динамо Дрезден на пример прима нешто помалку од 30.000 гледачи, а во ситуација кога е затворен поради пандемија, продале 70.000 карти.
Додека во Шпанија, Англија и Италија се доигруваат фудбалските сезони, Германците веќе мислат на следната. Сега главен предизвик им е како да ги наполнат стадионите во 2020/2021.
Навивачите на Динамо Дрезден направија вистинско шоу на мечот од германскиот Покал (Куп) против Херта на „Олимпискиот стадион“ во Берлин, каде дојдоа во бројка од преку 30.000 души, што е незапаметено.
Еден од најсаканите клубови во Берлин, клубот Унион Берлин за првпат во историјата игра во Бундеслига. Навивачите на првиот меч од сезоната против Лајпциг носеа слики од нивните најблиски роднини и пријатели кои цел живот биле со клубот, но сега веќе не се меѓу живите.
После поразот од 4:2 на гости против Бенфика, каде 70 минути играа со играч помалку, фудбалерите на Ајнтрахт по којзнае кој пат сезонава собраа сили и славеа со 2:0 за пласман во историско полуфинале на Лига Европа.
Динамо Дрезден ги има едни од најверните и најбројните навивачи во Германија. Познати се како едни од најгласните и најжестоките. За време на едно скорешно гостување на мечот против Хамбургер (северна Германија, не ривалската западна), Дрезденци грмеа „Источна Германија“ (Ostdeutschland) на која се посебно горди.
Германските навивачи дефинитивно во моментов се број 1 на континентот. И по бројност, и по верност и по изданија. Тоа што го прават сезонава е лекција за сите останати.
Ако за Лига на шампиони може да се каже дека конкуренцијата за најдобри навивачи е голема, истото важи и за Лига Европа каде за сега со сите изданија водат оние од Франкфурт.
Правилото 50+1 според кое членовите имаат мнозинство гласови е вековна традиција која не може да се купи. Затоа Германците имаат најполни стадиони и пристапни цени за карти, пиво, колбасици.
Имаат историја која трае точно 158 години, титула во германското првенство во 1966-та и армија на навивачи која не прашува каде и со кого играат, туку палат патиките за викенд и правец на стадион. Минхен 1860 на гостување во Нирнберг.
Навивачите на Борусија Дортмунд важат за навивачи кои сакаат традиција, а мразат богаташи кои ги уништуваат идентитети на клубови за сопствени интереси. Затоа спремаат акција за помош на клуб кој беше распарчен и одново оживеан во четврта лига.
Фудбалерите на Шалке изминатиов викенд ја пречекаа Херта на домашен терен, како и еден нивен навивач за кој Бундеслигата претставува порно. Го снимија, го сликнаа и го посрамотија во повеќе германски весници, а полицијата не го остави да заврши работа до крај и го приведе.
Баталете го сега тоа вашето Дојчланд Дојлчанд, читајте тука што пишува и пејте по мене. Бидете среќни што не изгубивте, инаку и македонската химна ќе ја пеевте.
Дуелот Келн - Фрајбург од германската Бундеслига за малку ќе се одложеше поради огромни наноси снег но работниците на стадионот „РајнЕнерги“ го спремија теренот, а стартот доцнеше 30 минути. Што се случуваше подоцна е за филм.
Во земја каде односот клуб-навивачи е фино испеглан, а цените за билети се така достапни за секој, што стадионите им се скроз полни, не проаѓаат понуди како оние на Андерлехт, па макар добиле и помош од клубот.
Искрено веруваме дека навивачите на Вардар во првата прилика ќе се искупат за промашеното тифо на мечот против Реал Сосиедад, а до тогаш ќе ја разгледаме тематиката ширум Лигата на шампиони.
Иако изгубија 0:5 од фаворитот Борусија во Купот на Германија, навивачите на третолигашот Магдебург направија спектакуларна кореографија за која се зборува.
Навивачите на Келн кои беа во енормно голема бројка од 20.000 на гостувањето против Арсенал во ЛЕ, не се пример само за верност, туку и за сите оние навивачки групи кои имаат проблем со навивачки кодекс и култура. Донираа карти во Домот за деца без родители во Белград, а за гестот ги чека благодарница. Мечот меѓу Црвена Звезда и Келн се игра на 7 декември за кога најавија и дека ќе ги посетат лично. Заслужуваат да им напишат и петки на рацете. Ама децата на навивачите.
Поимот фудбалски навивач по дифолт на многумина им значи џаболебар, човек без школо, некултура и слично но има примери кои го докажуваат спротивното. Таков пример доаѓа од Германија.
Келн после неколку децении игра едно европско натпреварување. Од таа причина во овој град владее вистинска борба за карти. Вечерва играат со Арсенал и добиле 2.900 карти а тргнале 20.000 души за Лондон. Откако полицијата и редарите не можеле да се справат со нив, мечот доцнеше 1 час, а Келн поведе на самиот почеток со голот на Кордоба.
Темата на муабетов е 10 клубови со најголема посетеност оваа сезона во Европа. Tронот го држи екипа од Бундеслигата пред сè поради политиката во германскиот фудбал на навивачот да му се даде цена на влезница пристојна или поточно ефтина за негов џеб. Се разбира дека Германците важат за верни навивачи, исто како Англичаните, со таа разлика што вториве плаќаа изгор скапи карти.