I’m Forever Blowing Bubbles

За девојката која го режираше филмскиот хит Green Street Hooligans

Најгледаниот филм за навивачи во светот го создала шампионка по карате која што редовно била присутна на дружбите и акциите на фудбалските хулигани.

Откако Мет Бакнер го избркале од Харвард поради местенка која што му ја направил лажниот другар и цимер, тој полетува кај сестра му во Лондон и уште првиот ден оди на фудбал. А понатаму - атмосфера на британски пејзажи, литри пиво, крвнички тепачки и прекрасната песна I’m Forever Blowing Bubbles.

Тоа е во кратки црти приказната од „Хулиганите од Зелената улица“ (или просто ’Хулиганите’), најпознатиот филм за навивачката култура во светот. Зад него се подредени култниот италијански Ultra', британскиот The Football Factory и рускиот Околофутбола, кои важат за врвни дела на темата.

Green Street Hooligans беше филм кој го гледаа и сакаа сите, од оние што не го препознаваа Роналдо од Раул како и оние кои не знаеа ништо за Вест Хем. Многумина нема да поверуваат, но режисер на „Хулиганите од Зелената улица“ изгледа вака (лево).

Се вика Лекси Александр и совршено добро знае што значи терминот околу фудбал.

СЕ ДРУЖЕЛА СО ХУЛИГАНИ И СНИМАЛА ТЕПАЧКИ

Во германскиот град Манхајм, каде се родила Лекси, игра клубот Валдхоф. Денес за овој клуб не се знае ама баш ништо, но во средината на 1980-те години тој стабилно балансирал меѓу главната прва бундеслига и втората бундеслига.

Харизматичната Британка Лекси одела на секој домашен меч, фудбалот и бил втора љубов, зад боречката вештина карате. На 19 години станала светска шампионка во карате.

Еднаш во нејзината група дошле двајца нови дечки. Лекси се здружила со нив и дознала дека тие се дел од City Boys, хулиганското движење кое го бодри клубот Валдхоф. Тие двајца и раскажувале многу за фирмата, се сеќавале на најзаебаните тепачки и скоро ја здружиле во бруталното друштво.

Во следните две години Лекси постојано висела во пабови, возови и стадиони.

„Одлично се снаоѓав во тепачките, не можеа а да не ме земат со себе. Во тоа време тие момци изгледаа најсилни во земјата. Секоја сабота бев во еден ист паб и тоа многу ми се допаѓаше“, се сеќава симпатичната Лекси која навивала и носела знамиња.

Лекси ја носеле на секоја тепачка со другите фирми, но таа најчесто ги сликала луѓето кои се тепаат. „Никој од дечките не сакаше да се тепа со девојка. Да ме удреше некој ќе беше баш срање, ќе го сметаа за кукавица“.

Во „Хулиганите од Зелената улица“ има еден момент кога еден од лидерите на една од групите ќе види непријател хулиган на свој терен. Таа сцена претставувала основа за филмот на Лекси.

„После некое време ја видов и лошата страна. Луѓето ги нарушуваа правилата - например, продолжуваа да го удираат тој што беспомошно лежи на земја. Морав да ги спасувам своите другари. Еден два пати ја издаде фирмата зошто истаста информации кај противникот. Се случи еднаш и навивач на друга екипа случајно да помине на наша улица, па десет наши налетаа на него. Да им кажев после тоа: ’Вие сте просто глупаци’ немав смелост. Но, тогаш напуштив“, добро памти сè Лекси.

СНИМИЛА ФИЛМ ЗА ДА ОБРНЕ ВНИМАНИЕ НА СЕМЕЈНИТЕ ПРОБЛЕМИ

Во време на снимањето на некои плоштади, папараци доаѓале само со една цел - да го фотографираат окрвавениот Елајџа Вуд: „Како тоа девојка да сними толку жесток филм“?, прашувале новинари од магазините Variety и The Hollywood Reporter.

Според Александа, нејзина главна задача била - да не покаже насилство, туку да обрне внимание на проблемите во семејството. Александр растела без татко, неа ја воспитувала мајка и.

Секој кој го гледал филмот ќе се согласи: Лекси е почитувана и сакана од сите свои херои во филмот. Но таа никогаш не ги викала гледачите да се угледаат на нив. Таа е уверена: „Ако влезете во кино и гледате романтика, толку ќе бидете забавени, што никој нема да може да ви помогне“.

ЈА РАЗБИРА НЕТРПЕЛИВОСТА КОН НОВИНАРИТЕ

Филмот често покажува што мисли околу фудбалот за новинарите. Кога Мет ќе го забележат како излегува од редакцијата на The Times тој моментално ќе има сериозни проблеми. Еден член на групата да комуницира со медиумите - тоа е страшен удар по репутацијата на целата група.

„Нетрпеливоста со новинарите не е сосем случајна. Во ’80-те години некои фирми се отвориле во документарките. Поверувале дека новинарите ќе се потрудат за тоа да ги прикажат пред светот во поинакво светло а не како престапници и бандити. Но многу подло ги насанкале.

Тоа е најлошо нешто што може да го направите на тие дечки затоа што предавството им паѓа најтешко од сè. Поради бројни новински статии и документарки многу од нив губеа работа, останаа без плата, а некои завршуваа и во затвор. Новинарите се присилени на таков однос поради работата“, тврди Александр Лекси.

И самата имала проблеми со новинарите. Се сеќава што на една прес-конференција посветена на „Green Street Hooligans“ ја прашувале на таа тема.

„Претставник на еден медиум ми кажа: ’Вие не сфаќате дека еден од јунаците во филмот рече дека ние сме копилиња’? А јас не знаев дека толку многу ја бранат професијата.“

Лекси со хулиганите поминала неколку години и вели дека не ги оправдува сосем за тоа што го прават.

„Никој не сакаше да снима филм за хулигани. Јас го направив затоа што израснав во тој свет, тоа беше моја лична историја“, вели Лекси.

ГЛУМЦИТЕ ТРЕНИРАЛЕ И УЧЕЛЕ ОД ХУЛИГАНИТЕ НА ВЕСТ ХЕМ

Филмот беше неверојатно реалистичен, а Лекси за такво нешто морала да се консултира со луѓето кои за британскиот хулиганизам знаат се и се сметаат за негови пионери - Кас Пенант и Дуг Бримсон. Првиот многу години беше лидер на IFC, легендарното хулиганско движење на Вест Хем. А вториот напишал преку 10 книги за околу фудбалот.

Кас дури и ја однел Лекси на неколку дружби со дечките од некогашниот IFC за да и покажат како живеат хулиганите. Од нив учел и познатиот глумец Чарли Нахем (Пит): „Се трудев да изгледам како нив. Но без да ги знам сите детали и песни тоа беше тешко. Лекси е шампион, таа организираше дружба. Да стигнеш во тајниот свет за кој практично никој не знае ништо е огромна предност во професијата актер“, вели Чарли, главниот јунак во филмот „Грин Стрит Хулиганс“.

Легендарниот Кас Пенант добил камео улога: играл еден од полицајците на железничката станица. Дуг Бримсон помогнал да се напише сценариото. Лекси со него се поврзала преку еден навивачки форум на интернет.

Еден од пионерите на британскиот хулиганизам - Дуги Бримсон

„Во 2003 година полицијата не го контролираше многу интернетот и можевме да го пишуваме тоа што го мислиме. Јас бев регистриран не под свое име, туку под некој друг ник“, се сеќава Дуги Бримсон.

Тој додава и дека кога му се обратила Лекси преку порака најпрвин мислел дека е полиција а после сфатил дека е жена, реален режисер и продуцент и дека му го открила целиот идентитет, тогаш немал проблем да се видат.

Бримсон рекол дека правите хулигани во реалниот живот сакале уште „помашки“ филм од тој што е снимен. Него не го убедиле ниту тренинзите на актерот Пет Џонсон - шампион на Америка во танг-су-до (корејско боречко искуство како таеквондо), и со главниот инструктор Чак Норис.

Денот на снимањата започнувал под раководство на Џонсон кој предводел двочасовни силни тренинзи а потоа одела подготовка за сцените со тепачки. После ручекот - репетиција, а вечерта оделе во најблискиот паб. Имале едно правило - да се напијат.

„Мислев дека сцените со тепачки ќе бидат лесни и забавни, но три недели подготовки беа страшно тешки! Затоа после снимањето на филмот научив подобро да се тепам“, вели Елајџа Вуд.

Најтшко на Лекси и било да се договори со Вест Хем за снимање на стадионот „Аптон Парк“. Кога го убедувала раководството дека филмот ќе биде посветен исклучиво на фудбал а тие знаеле дека се работи за хулигани, не сакале да помогнат: содржината била многу опасна за имиџот на клубот.

Лекси напротив е убедена дека помогнала: „Не мислам дека Вест Хем на крајот зажали од нашите снимања. Нивниот дрес и грб ги гледаа на екраните во целиот свет. На пример во САД знаеја само за Манчестер Јунајтед, а после ’Грин Стрит Хулиганс’ во целиот свет се заинтересираа за Вест Хем“, заклучува Лекси Александр.