Таг: англиски хулигани

Се сеќавате на руските хулигани од Евро 2016? Ене ги чмаат во француски затвори

Суд во Франција ги осудил Михаил Ивкин и Павел Косов на 3 односно 10 години затвор за нанесување тешки повреди на Англичанецот Ендрју Бејч за време на Европското 2016. И не само нив.

Нова епизода на хулиган како удира коњ на полицијата во Англија

Во 2013 година, после големото дерби Њукасл - Сандерленд избија нереди. Во целата гужва, 45-годишниот Бери Роџерсон му удри тупаница на полицискиот коњ. За тоа доби 1 година затвор и 6-години забрана да посетува стадиони. И сите беа сигурни дека вакво нешто веќе никогаш нема да се повтори. До вчера вечер.

Врвна рекламна кампања за англиските навивачи да не бидат кретени

Маргарет Тачер, челичната лејди беше најзаслужна што Британија ги скроти хулиганите кои како кучиња од ланец беа пуштени по Европа каде рушеа сè пред себе. Сега веќе нема такви насилни бараби, ама има кретени кои после пар пива мочаат по европските плоштади и фрлаат стари луѓе во фонтани.

Се сретнаа хулигани на Вест Хем и Милвол и толку требаше

Иако со децении играат во различни лиги и пред секоја ждрепка за Купот се молат да паднат едни против други, навивачите на Вест Хем и Милвол ретко имаат прилика да се сретнат. А кога ќе се сретнат, како пред некоја вечер на боксерски меч меѓу Џими Гартон (познат навивач на Милвол) и  Гери Коркоран ќе се случи тоа што за жал се очекува да се случи.

Крвавите нереди кога последен пат играа Англија и Тунис

Пред точно 20 години, во 1998 година на Светското во Франција, во Марсеј играа Англија - Тунис. Во градот и околу стадионот три дена имаше нереди во кои 32 лица беа повредени.

Стручна анализа во студио за тоа каде требал да оди хулиганот

Еден шведски тв канал во студиото отворил дебата за тоа каде пијаниот хулиган кој на кратко го прекина мечот Кристал Палас - Њукасл, требал да оди а да не го фатат.

За девојката која го режираше филмскиот хит Green Street Hooligans

Најгледаниот филм за навивачи во светот го создала шампионка по карате која што редовно била присутна на дружбите и акциите на фудбалските хулигани.

Стереотип за хулиган од Англија

Старо видео со Суарез во дрес на Ливерпул со една буталетинка која веројатно од тогаш гледа фудбал само на тв.

Нова општа тепачка на ЕП, сега Словаци со Англичани

По Марсеј, хулиганскиот фронт се префрли во Лион каде вчера и денес се судриле Словаци, Англичани и поединци навивачи на Лион иако францускиот клуб соопшти дека нивни навивачи не биле инволвирани во нередите.

Ја сакаме својата земја, горди сме на неа и ќе ја браниме

Британските таблоиди за главен виновник за нередите во Марсеј го означија 37-годишниот татко на четири деца од Москва. Василиј Степанов знае за тоа, но Европското го гледа од предградие на Москва од каде раскажа што мисли за инцидентите.

Мизерен однос на Англичаните со деца емигранти

Познати по незгодното однесување под дејство на алкохол, англиските навивачи одвратно се однесуваа во францускиот град Лил каде Англија ќе игра против Велс.

Русите се снимале додека бркале Англичани

Со наслов „Руски Тур Д’Франс“, хулиганите од Русија објавија видео на кое се гледа како шпартаат по марсејските улици во „лов“ на Англичани. Во меѓувреме од Марсеј стигна веста дека 5 Англичани се во затвор, осудени по брза постапка.

Чекај, а УЕФА кој ќе ја казни за пропустите?

Раководството на УЕФА отвори истрага против Русија поради хулиганите а истовремено и се закани на Англија, но прашањето е кој ќе одговара за несоодветниот распоред на селекциите во градовите.

Руски и Англиски хулигани се одраа во Марсеј

Веќе трет ден во Марсеј траат брканици меѓу локалците (навивачи на Марсеј), руски и англиски хулигани. Во пресрет на вечерашниот дуел Англија - Русија, околу 250 навивачи на Локомотив Москва (на видеата во црни маици) во неколку делови од градот се судрија со Англичаните. На полицијата не ѝ преостанува ништо друго освен со солзавец да ги раздвојува завоените страни. Епилог: Повредени, уапсени, депортирани.

Нема ИСИС, има хулигани

Околу 200 англиски хулигани доцна синоќа го иритирале локалното население и полицијата со скандирања: „Исис каде сте“? На нередите полицијата одговорила со два солзавци, двајца Англичани се повредени а неколку приведни. Имало неколку тепачки меѓу навивачи на Марсеј и англиските хулигани кои го повторија сцените од пред 18 години на Мундијалот.

Британски хулигани на гостување во Париз

Познати насекаде во светот како насилни, англиските хулигани ќе бидат под посебен надзор и на Европското првенство во Франција летово. Но, еве што би можеле да доживеат гостољубивите Французи ако мерките за безбедност не бидат на највисоко ниво.

Руски хулигански план за ЕП 2016

Големите натпреварувања како што е Европско првенство секогаш се десерт за хулиганите од разни земји кои ќе имаат прилика одново да се докажуваат преку глупоста наречена насилство. Полицијата има полни раце работа пред почетокот на турнирот.