Врвна рекламна кампања за англиските навивачи да не бидат кретени

Маргарет Тачер, челичната лејди беше најзаслужна што Британија ги скроти хулиганите кои како кучиња од ланец беа пуштени по Европа каде рушеа сè пред себе. Сега веќе нема такви насилни бараби, ама има кретени кои после пар пива мочаат по европските плоштади и фрлаат стари луѓе во фонтани.

Сезонава им се погодија многу прошетки. Арсенал и Челси играа финале на ЛЕ во Баку, Ливерпул и Тотенхем играат финале на ЛШ во Мадрид, а репрезентацијата на Англија ја чека Фајнл Фор на Лига на нации во Португалија. Полицијата во овие места е на готовс:

30 мај 2019 - 14:04