Пред неколку години јас бев еден од лидерите на најсилната екипа Gladiators Firm 96 (годинава слави 20 години постоење). Прилично добро сум познат во Русија и во странство под прекарот Килер. Изненаден сум што читав за мене многу чудни работи од кои некои ги сметам за навредливи.
Не сум бил никаде, бев во земјата. Сега сум обичен навивач, главната работа за мене во животот е семејството, имам четири деца и нивното вопситување ми е најважна задача која морам да ја направам.
Фактички колегите новинари просто најдоа човек со карактеристичен изглед и соодветни фотографии на социјалните мрежи и тој бил организаторот?
Така некако.
Тоа е од недостиг на професионализам или налог за приказна за некое руско страшило?
Мислам и едното и другото. Генерално хистеријата и агресијата која што западните медиуми ја имаат за Русија ме потсеќа на времето на Студената војна. Сега стојам пред тебе и разговараме. Се сликавме, се снимавме за интервјуто и гледаш дека не јадам деца. Мислам дека агресијата на нашите навивачи ја предизвикаа европските медиуми. Тие никому не одговараат за клевета, а да не зборуваме за приказните за срушениот Боинг или други нешта каде директно е погодена нашата геополитика.
Што се случуваше во Франција? Кои се луѓето кои беа во луката во Марсеј и се тепаа од наша страна против Англичаните?
Англичаните - тоа не беа господа во смокинзи, да се разбереме. Тоа се таксисти, работници, службеници, мајстори, кои дошле од малите градови и кои во име на старите добри времиња сакаа да и покажат на Европа кој е газда на стадионите и надвор од нив. Со часови пијат пиво на горештините. Потоа во квартвоите почнаа да се појавуваат групи руски навивачи а овие веднаш почнале да ги навредуваат, плукаат на нив, непристојно да скандираат за нивната земја и претседателот. Британците мислат дека се најсуровите хулигани, но веќе одамна не е така.
Околуфутбалските трендови во Европа во моментов ги држат Русија и Полска. Од нас започна слоганот „само на раце" и никаква употреба на оружја. Фер. Англичаните веднаш почнале да фрлаат по нашите момци се што им е на дофат на раце. Многумина од нив се повредени и настрадаа од „пријателски оган" од нивните сонародници кои испиле многу количини пиво и фрлале флаши.
Тие селски момци се навикнати секаде ширум светот да се напијат, да го понижуваат локалното население, да навредуваат и плукаат користејќи се притоа со репутацијата родоначалници на навивачкотот движење. Но денес тоа е само меур од сапун.
Но што е со неколкуте паднати трофеи (знамиња), тие не беа на противнички хулигански групи.
Во Англија имаат одличен однос кон транспарентите, морам да признаам многу подобар отколку во остатокот од Европа. Ако сме загубиле наш транспарент од групата, тоа во навивачкиот свет според сите кодекси значи распад на групата. Тие носат само државни знамиња кои може да се споредат со нашето државно знаме.
А нашите од кои толку се исплаши цела Европа и ги нарекува ММА борци (Ултимејт фајтери)?
Луѓето кои ги гледавме како стојат 20 на 100-ина се едноставно постари, сериозни момци. Нашите најпознати борци меѓу навивачите останаа дома затоа што не сакаа проблеми пред Светското првенство во нашата земја. Сите би сакале да ги видиме најдобрите екипи на трибините на Мундијалот.
Денес имаме многу млади кои се занимаваат со спорт, со боречки вештини, спремни се да се борат, реагираат кога некој ја навредува нашата земја, знаме или претседател.
Што мислиш, кој е виновен за се и што ќе биде понатаму?
Во голема мера виновни се француските власти кои не обезбедуваа ништо. Раздели ги навивачите и не продавај алкохол во стаклени шишиња пред натпреварите. Тоа е решението. Французите построија двоен прстен околу стадионот поради страв од терористички напади а во градот фактички ги оставија англиските навивачи кои не пропуштија прилика.
Поранешната мис на Франција на пример на пиша на социјалните мрежи дека Британците се однесувале како свињи, а Русите само ја бранеле својата чест. Никој не кажал за тој нејзин коментар. Путин сигурно не седел со пиштол дека некој мора да ги брани навивачите. Месното население добро виде што се случувало. Проблемот е во медиумите и нивните лаги.
Ако Русија се сретне со Полска или Украина француските власти мора да знаат дека тоа ќе биде масакр. Верувам дека властите научија како се постапува со навивачите и со нив пред натпреварите. Сигурен сум дека тоа нема да се случи. А Франција уште ќе пропати од Англичаните, ќе видите.
Нашата репрезентација е условно дисквалификувана и секоја акција на навивачите може да ја чинат Русија учество на ЕП или одземање на домаќинството за СП 2018. На друштвените мрежи мислењата се поделени: Некои велат дека таму ќе ги тепаат, твојата жена, твојата земја ќе ги навредуваат.
Ако си нормален маж, ти нема да трпиш навреди. Јас сум горд на својата земја, ја знам нејзината историја и спремен сум да ја бранам. А провокациите се неизбежни. Информациона војна е, во весниците мене ме прават гангстер и злосторник.
Навивачите често се сметаат за движечка сила на револуциите, во 2018-та имаме Светско но и претседателски избори. Во која улога се гледаш себе пред овие настани?
Во 2007. година, Англичаните играа финале на Лига на шампиони овде и немаше никакви проблеми па мислам дека и 2018-та ќе биде уште помирна. А за учества во револуциите, уверен сум дека 99% од навивачите нема да паѓаат на провокации. Гледаме што се случува во светот, горди сме на својата земја, ја сакаме.
Кажи ми уште за крај, неколку збора за тебе. Со што се занимаваш, како работиш, како живееш?
Како што реков, за мене прва и најглавна работа е семејството. Мојата сопруга и јас сме верници, со децата одиме во православен храм веќе неколку години. Бев уклучен во неколку друштвени проекти, хуманитарни работи. Сакам спорт и патувања. Живеам така што и кога сум на викендица, ја плашам цела Британија.