Таг: москва

Шампионите на Москва

Поранешен началник на руската агенција против корупција е прогласен за рекордер по примање мито во Русија, што, имајќи ја предвид Русија, треба да значи нешто.

Америка ја спречила Украина да удри на Москва

Во февруари годинава во Киев на големо се крчкале планови за одбележување на првата годишнина од руската инвазија на Украина со терористички напади на Москва. И тоа траело се додека САД не наредиле сето тоа по итно да се прекине.

Москва нареди 4-месечен карантин за невакцинираните

Откако неделава се забави стапката на вакцинирање во градот, а бројот на заразени од ковид-19 скокна, во руската престолнина воведен е масовен карантин за сите над 60 години што не примиле вакцина и за „лица што страдаат од хронични болести“. Карантинот ќе трае до крајот на февруари.

Москва ја откажа прославата на Нова година

Пакетот прослави на Божиќ и Нова година годинава ќе биде прескокнат во Москва заради рекордниот број на заразени со коронавирус во последниве недели, соопшти градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин.

Занимливи совпаѓања на мечот Франција - Хрватска со финалето на Светско 2018

После две кола во Лига на нации, Франција има 6 бода по триумфите над Шведска (0:1) и синоќа над Хрватска (4:2). Натпреварот во Париз по неколку нешта се совпаѓа со финалето на овие две селекции на Мундијалот во Русија.

Маршот на имуните

За парадата по повод Денот на победата Русија од својата војска ќе избира војници кои се асимптоматични или веќе имаат развиено имунитет на коронавирусот, објави руското министерство за одбрана.

Москва има да биде бела, па макар и на сила

Новогодишната прослава во Москва ќе биде во снежна атмосфера без разлика што од 1886-та ова е најтоплиот декември во руската престолнина.

Поминал 48.000 километри автостоп само да го гледа Партизан

Вилнус, Волгоград, Ритас, Казањ, Краснодар, Киев, Каунас се само некои од далечните дестинации на Милорад, навивач на белградски Партизан кој и зиме и лете чека автостоп по автопатиштата за да стигне до дестинацијата каде игра неговиот клуб. Денес, после 3 дена од Рига стигнал до Холандија каде „црно-белите“ играат против Аз Алкмар во Хаг.

Црвениот плоштад на еден ден се врати во 1941

7-ми ноември 1941 на Црвениот плоштад во Москва се одржува воена парада за одбележување на Болшевичката револуција од 1917. Откако го поминува Кремљ војската се упатува право на фронтот каде има директни битки со германската армија. Вчера, на истото место беше повторена парадата од 1941.

Како московските тревници станаа алатка против руската опозиција

Државното претпријатие одговорно за одржување на улиците во Москва, Автодор, на суд бара отштета од организаторите на протестите во Москва за изгазената и уништена трева за време на неодамнешните демонстрации.

За стариот Роналдо немаше лош терен и лоши услови за игра

Априлска вечер во Москва. Интер игра против Спартак на стадионот на Динамо. Во составот Паљука, Бергоми, Занети, Симеоне, Заморано, Роналдо... Бразилецот на буквално земјен терен играше самба со топката.

Кошмар на пијанистот: кога оркестарот ќе почне да свири погрешен концерт

За публиката и така и така. Ама кога солистот очекува дека ќе почне едно дело, а почнува друго, тој има многу малку опции на располагање. Главно се сведува на - и да погинеш, колку-толку ќе се спасиш.

Кај е Мурињо? Ене го снима спот во московско предградие

Немој да го жалите. Човекот си работи промотивни кампањи како никогаш досега. Му е гајле дали тепал Јунајтед со Лестер на гости и дали Сити го добил Арсенал. Во моментов е во Балашиха, место веднаш до Москва каде е гостин на хокеарскиот клуб Авангард.

Путин и за хокеј го бивало

Претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, покрај тоа што добро владее со некои боречки вештини (аикидо пред сè), синоќа на Црвениот плоштад во Москва покажал дека знае да игра и хокеј на мраз. На пријателски, ревијален меч на кој играле уште и министерот за одбрана на Русија Сергеј Шојгу, јавни личности и поранешни хокеари, тимот на Путин победил 14:10.

Балотели го бараше Путин во Москва

Утре вечер француска Ница гостува кај Локомотив Москва на реваншот во Лига Европа. Првиот меч дома Французите го изгубија 2:3 иако водеа 2:0, ги чека тежок натпревар ама тоа не му смета на Марио Балотели да биде Марио Балотели.

Кога цреп не го знае Дел Пјеро па не го пушта кај Меси

Иконата на италијанскиот фудбал Алесандро Дел Пјеро тргнал да се види со Меси во еден хотел во Москва каде Аргентина утре игра пријателска со Русија (од 14:00). Ама се погодило еден дибек од обезбедувањето ем да не знае англиски ем да не знае кој е Дел Пјеро. Среќа на крај дошол тренер од аргентинската репрезентација па Алекс продолжил натаму.

Интерконтинентален автопат Лондон-Москва-Њујорк

Она што за минатите генерации беше Панамскиот канал, Суецкиот канал, Транссибирскта железница, за оваа генерација треба да биде спектакуларниот инфраструктурен проект кој со автопат ќе ја спојува Москва со Лондон на запад, и Њујорк на исток.

Не заборавајте дека Советскиот Сојуз го спаси светот од Хитлер

Според една калкулација, за секој еден Американец кој загина во борба со Германците, има 80 советски војници кои загинаа правејќи го истото, пишува Ишан Тарур во текстот за Вашингтон пост.

Москва ќе ги руши „руските“ згради

Ги викаат Хрушчковки и се исти со оние какви има во Скопје, изградени после земјотресот, со бетонски блокови кои го пропуштаат звукот на хрчењето на комшијата ама не и шајчето кое пробуваш да го заковаш на нив. Градските власти процениле дека таквите згради го одживеале своето. А сега, пазете цифра - ќе се уриваат 7.900 згради.

Живот после губење доверба во државата

Новинарот на Њујорк магазин заглавува во една московска гужва точно две коли пред брзата помош чии сирени упорно и подеднакво безуспешно рикаат за некој да и даде предност. На прашање зошто никој не мрда, сопатникот му одговара: затоа што сите знаат дека возачите на Брза помош прават пари на страна нудејќи ВИП возење до аеродром.

Колку собира најголемиот стадион во секоја европска земја

Сторијата околу празниот и мал стадион на Монако нè натера да прочепкаме кои се најголемите стадиони во секоја европска земја. Има стадиони со капацитет од 10.000 гледачи но има и храмови на фудбалот кои примаат над 70.000 гледачи.