Автодор од деветте лидери на опозициските протести бара отштета од 12 милиони рубљи, или околу 170.000 евра.
Во доказите Автодор има доставено и слики од тоа како дел од демонстрантите газат трева и цвеќиња на зелените површини во градот. Една од забелешките е дека судот веројатно нема да има ист став кон тоа што полицијата исто така газела трева и цвеќиња.
Опозицијата нормално не ја плаќа отштета, а властите нормално упаѓаат во 39 канцеларии поврзани со политичката мрежа на Алексеј Навални. Во вторникот, московскиот суд одобрил 94 налози за пребарување.
Претходно московскиот суд пресуди дека опозицијата му должи 17.000 евра на ЈСП Москва заради нарушување на сообраќајниот ред на градските автобуси, а допрва треба да одговараат по иста основа за градската подземна железница.