Парадата која 74 години по ред се одржува на 9 мај, годинава како последица на епидемијата на коронавирусот а по наредба на Путин беше одложена за 24 јуни. Новинарски извештај од мај проценуваше дека 400 руски војници се заразиле со ковид-19 откако учествувале во подготовките за парадата.
На 75-годишнината од Денот на ослободувањето, 14.000 војници ќе маршираат низ Москва, а уште 50.000 ќе маршираат низ 27 други градови.
Според рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, 6.500 лица од руските вооружени сили се заразени од почетокот на март, а според дневниот извештај на руската војска, моментално 1.500 војници се на лекување.
Русија повика војници од 19 држави да учествуваат на парадата, ветувајќи воведување безбедносни мерки за спречување на ширењето на ковид-19. Во оригиналното издание за 9 мај, по повод 75-годишнината беше планирано да се поканат и воени ветерани од Втората светска војна од целиот свет.