Пред да стартуваат главните активности властите почнаа да истовараат камиони со вештачки снег во центарот на градот. Со акцијата се покриени поголемите плоштади во Москва и локации низ центарот на градот, а на една од главните улици планирано е да се направи „мини рид за сноуборд“.
На 18-ти декември температурата во Москва достигна 5,6 степени Целзиусови, што е највисоката за декември од 1886. Очекувањата се дека по Нова година во градот ќе падне вистински снег.
За луѓето што ја следат тамошната клима ваквите температури се директна последица на глобалното затоплување:
„Последните 30 години зимските температури во московскиот регион пораснаа за 4 степени. Тоа е навистина многу. Ние во пракса скокнавме од декември во ноември“.