Таг: снег

Калифорнија ја фати снег, ама снег

На планината Сан Бернандино во јужна Калифорнија цела минатата недела паѓа снег, а слична е прогнозата и за оваа недела. Тамошните жители и туристи веќе апелираат за помош, некој да им однесе храна и вода или барем да ги извади од таму. Пред само една недела, на крајот на февруари, 85% од Калифорнија беше во суша.

Годината кога среде лето паѓал снег

Историјата на природните катастрофи е полна со поплави, земјотреси па дури и астероиди, но некои од најфасцинантните имаат врска со вулкански ерупции. Една од помалку познатите довеле до тоа годината во којашто се случила да нема сонце.

Кого удрам не жалам: јапонскиот спорт на фрлање снежни топки

Секоја година на 20 февруари на планина на Хокаидо почнува вистинска битка, со снежни топки и детални правила. И тоа не за деца, туку за професионалци во оваа работа.

Во Грција снежна апокалипса

Над 5.000 возила беа заглавени на минусни температури на обиколницата околу Атина откако снежна бура го затрупа главниот град на Грција.

Радоста на мавањето со снежни топки низ историјата

Зимата знае да биде сурова, но истовремено да носи радост секогаш кога ќе падне снег. Низ времето, просторот или културите мал број активности се универзални, а една од нив е борба со снежни топки.

Кој бараше снег во мај?

Стадионот „Етихад“ на Манчестер Сити на неколку минути пред мечот со ПСЖ изгледаше тотално невообичаено за полуфинале на Лига на шампиони кое се игра во пролетен дел од сезоната. За сè бил „виновен“ циклон кој донел студен воздух и снег.

Комшо дај Фиатот од '90-та до тренинг, само тој тера по снег

Сите фудбалери на Атлетико Мадрид поседуваат модерни џипови кои клубот им ги обезбедил. Ама ни тоа не помогнало во јаките снегови кои го зафатија Мадрид, па белгиската ѕвезда Фереира Караско прифатил совет од комшијата.

Шпанија блокирана од снег, фудбалери туркаа коли, одложено дерби во Мадрид

Олујниот бран Филомена донесе рекордно ниски температури и огромни количини снег во Шпанија, земја која 50-ина години не видела така сурова зима.

Изгледа целиот снег од Европа е во Канада

Додека од Австрија па до Балкан во тек е јалова зимска сезона со сериозен дефицит на снег кој беспоштедно се надополнува со топови за снег, делови од Канада се филмски затрупани со по неколку метри снег кој достигнува речиси до кровот на куќите.

Москва има да биде бела, па макар и на сила

Новогодишната прослава во Москва ќе биде во снежна атмосфера без разлика што од 1886-та ова е најтоплиот декември во руската престолнина.

Лудите начини на правење снег во старите филмови

Корнфлејкс, стиропор, брашно и азбест (!) биле некои од нештата користени за добивање зимски пејзажи во раните денови на Холивуд.

И снегот знае да игра со иле

Додека кај нас пукаше пролетно сонце, во Бундеслигата бараа црвена топка за да се гледа добро на мартовскиот снег. А тој па во една чиста шанса за Хановер интервенираше како стопер.

Во САД првпат се играше прволигашки фудбал на -7 степени

Во саботата на 2 март стартуваше регуларниот дел од сезоната во МЛС - најдобрата американска фудбалска лига. Фокусот го привлече мечот во Денвер, меѓу Рапидс и Портланд Тимберс.

Снегот знае ептен да се најде во напад

Ali Sowe од ЦСКА Софија по ново го викале Ali S(n)owe. Снего по битолски. Колку само среќа и ќар има овој човек од снегот, кој му ја намести право на глава.

Навивачите кои викендов се фатија за лопата

Во изминатиов снежен викенд, некои клубови имаа двојна корист од одредени навивачки групи. Освен што се задолжени да ја стоплат атмосферата со песна, беа љубезни и вредни, па помогнаа да се подобрат условите за игра. Ама не сите.

Еден од стадионите за Светско е недовршен поради силна зима

Светското првенство во Русија почнува на 14. јуни а еден од новите стадионите уште не е готов поради што ФИФА праќа мониторинг служби а Путин ги опоменува локалните градоначалници.

Снежна апокалипса во европскиот фудбал

„Сибирскиот бран“ веќе неколку дена ја зафати Европа, па многу спортски настани беа одложени за некои други денови кога ќе има услови за игра.

Што ако сум играл во Премиер лига, јас ќе чистам снег

Јунакот на неделата во англискиот фудбал е Стивен Тејлор. Тој има 13 годишен стаж со Њукасл во Премиер лигата, но е дечко без комплекси. Спаси натпревар во трета лига со лопата.