Снег врне во Европа веќе неколку дена, студот однесе неколку жртви, а се затворија и неколку аеродроми ширум континтентот.
На 25. февруари играчите на Јувентус и Аталанта излегоа на теренот на стадионот во Торино и се уверија дека услови за фудбал нема.
Капитенот Џиџи Буфон последен пат така бел терен видел во Москва кога дебитираше за Италија против Русија на стадионот на Динамо.
Не помогна ни техниката за чистење снег
Па мечот го одложија на неодредено време
Во Рим падна снег првпат после цели 6 години па се изненадил и големиот борец Џенаро Гатузо. Милан вечерва игра против Лацио реванш од Купот на Италија, а кога екипата пристигнала во престолнината, невозможно било да тренираат на отворено па се решиле да се загреат во сала.
„Не сме немирни, и онака во Рим до ден денес снег не виделе со години. Трениравме во сала иако сакавме да истрчаме на терен“, рекол кратко Гатузо.
Во Неапол толку снег не виделе речиси никогаш. На некои места во градот се искористил снегот на возилата за да се упати порака до главниот непријател - Јувентус.
Еибар - северот на Шпанија. 13 сантиметри снег таму велат дека никогаш во историјата не паднал.
Денес на симпатичното стадионче во Еибар треба да гостува Виљареал, ама...
Снегот го топеле со светлина
Но тоа не бил единствен проблем - аеродромот во близина на градот бил затворен па составот на Виљареал никако не може да стигне до местото.
Снегот неделава стигнал и до Велика Британија. Еве како изгледал стадионот на Данди Јунајтед во Шкотска:
Стадионот на Мадервил:
Во Шкотска се одложени три меча кои требаа да се играат во саботата:
Во Питерборо теренот имал толку многу снег што мечот меѓу домашната екипа и Волсол (трета англиска лига) едвај се одиграл.
Снегот не му засмета само на фудбалот, туку и на тест возењата во Формула 1
Мака мачат и хиподромите:
Центарот на Лондон завеан во снег: