Во Грција снежна апокалипса

Над 5.000 возила беа заглавени на минусни температури на обиколницата околу Атина откако снежна бура го затрупа главниот град на Грција.

Освен редовните спасувачки служби (полиција, брза помош), за одглавувањето на возачите и патниците од илјадниците возила беше ангажирана и грчката армија. Паралелно со нив дојде и механизација која работеше на одмрзнување и чистење на обиколницата.

На социјалните мрежи се појавија и видеа од десетици луѓе кои решиле да ги напуштат своите возила, во некои случаи и со мали деца, и да се пробиваат пешки низ снегот дур не стигнат до некакво засолниште.

Атинскиот обвинител нареди истрага против компанијата Атики одос која е сопственик на истоимената обиколница, која треба да открие што се случило што тие не успеале да одржат нормални сообраќајни услови на патот.

На состаноците што грчките власти ги имаат со компанијата во петокот и неделата пред снежната бура, претставниците на Атики одос ги уверуваат дека имаат доволно средства и опрема за да ја држат патната мрежа отворена дури. Атики одос во едно од своите соопштенија наведува дека има 35 машини за чистење снег за 70 километри обиколница, односно по една машина на секои 2 километри.

Освен чистењето, еден од пропустите што им се припишува на Атики одос е дека не го сопреле со време сообраќајот кога забележале дека почнуваат да им се создаваат проблеми.

Атики одос објави дека ќе му понуди компензација од по 2.000 евра на секој возач што бил заглавен во снегот. Во исто време ЦЕО-то, Бил Халкиас, по 23 години раководење со компанијата поднесе оставка на својата позиција.

 

26 јануари 2022 - 09:19