Цели куќи (и автомобили) се под снег, а канадската влада веќе размислува за ангажман на армиските резервисти, кои треба да помогнат во расчистување на снегот низ земјата.
Во главниот град на Њуфаундленд прогласена е вонредна состојба откако во само една бура паднаа околу 76 сантиметри снег, придружени со ветрови од над 100 километри на час.
Последиците се илјадници луѓе оставени без електрична енергија на температури под нулата, затворање на тамошниот меѓународен аеродром и речиси комплетна блокада на тамошните патишта.
Добар дел од луѓето се целосно завеани во своите домови и не можат ни да излезат.
Меќавата изгледаше вака:
А по нејзе, вака: