Не им бил јасен нашиот наслов, па да им го објасниме

Пред некој ден во делот „набрзинка“ објавуваме слика од двајца луѓе. Едниот наш, другиот странец. Ставаме наслов „Не е чудно што се нашле“. Сега на првиот не му е јасно што сме сакале да кажеме. Ајде златни рипки, да ви го освежиме сеќавањето.

Лево на сликата е Никола Спасов, човек што стои зад агенција за истражување на јавни мислења. Агенција што направи таква епска утка на избори, по која човек или затвора дуќан или ја пререгистрира фирмата во Друштво за заебанции и хумор.

Десно е Александер Никс, човек на Кембриџ Аналитика, фирмата што деновиве ги дрма и Фејсбук и светот поради откриената злоупотреба на податоците на 50 милиони луѓе за изборни потреби. Нивниот случај е тазе и имате материјали на интернет на ангро (Колбер објаснува како тие фунционирале, па ќе рече: „Ах, проститутки“).

На фотографија на тие двајца, ние ставаме наслов „Не е чудно што се нашле“ и сега, на првиот му е нејасно што писателот сака да каже. Па рипката Дори на Фејсбук ќе ни побара да му објасниме.

Ајде тогаш:

  • Претседателски избори се на 13 април 2014
  • Десет дена пред избори, Рејтинг вади анкета дека Пендаровски има предност пред Иванов.
  • Ден подоцна, на 5 април, Спасов во интервју им го спушта на вмровците:

„Не се буневте кога резултатите беа во ваша корист“

И патем, ја поткрепува точноста на резултатите со реномето на агенцијата и личниот кредибилитет:

Рејтинг е единствената агенција што во последните неколку циклуси истражувањата ги прави по нарачка на медиуми, во редовни интервали (месечни или двомесечни) и по методологија која јас лично тврдам дека е меѓу најдобрите, ако не и најдобра во Македонија.

  • По изборите, на 15 април, на сите им станува јасен гигантскиот феил на Рејтинг, па основачот и директор на Рејтинг, на ФБ ќе рече:

Со последната прогноза за претседателските избори се покажа дека нашата методологија, која досега беше репер, потребно e да се корегира.

*****

Ама, не ќе е само методологијата во прашање. Човекот се колне во својата непристрасност:

„Би сакал во мое име и во името на сите вработени во Рејтинг да ве уверам во една работа. Во ниеден момент, и со ниедна наша објава немавме намера да фаворизираме одреден кандидат или политика“.

На твитер профилот на истиот човек може да го најдете ова:

******

Ваљда е доста, м? Ако не па, да вадиме и други детали? Или пак само да потсетиме на умните зборови на Колбер (види погоре).

И стварно, не нè цимајте непотребно. Ќе си поминете вие полесно со ќутење отколку да нè цимате, па после треба да ви одговараме, па после некои читатели имаат чувство дека НИЕ сакаме да се занимаваме со овдешните политикантски трикови. 

Мада, кога убаво ќе го видиме тој наслов, и нам почнува да ни станува нејасен, пошто едниов погоди избори со недозволени финти, а другиов (освен во функција на фејк њуз) не направи ништо.

Ама па, убаво што се нашле.

23 март 2018 - 12:17