Комшо дај Фиатот од '90-та до тренинг, само тој тера по снег

Сите фудбалери на Атлетико Мадрид поседуваат модерни џипови кои клубот им ги обезбедил. Ама ни тоа не помогнало во јаките снегови кои го зафатија Мадрид, па белгиската ѕвезда Фереира Караско прифатил совет од комшијата.

Во серијата снегови што ја погодија Шпанија изминативе денови, многу спортски колективи имаа проблем околу организација и патување на натпреварите и тренинзите. Така фудбалерите на Атлетико Мадрид, Караско, Шиме Вршаљо, Тома Лемар и Мигел Ермозо тргнале на тренинг во базата со Фиат Панда од 1990-та година, која што комшијата на белгискиот репрезентативец му ја препорачал за по снег.

А еве како поминаа Ернандез, Кабако, Оливера и Портиљо од Хетафе пред мечот со Елче кога Ла Лига им пратила возило

 

12 јануари 2021 - 09:37