Многу Шпанци никогаш не виделе толку многу снег, па излегле на улиците да поуживаат. Некои дури и скијале по централните градски улици. Но во исто време во сите провинции бил објавен црвен метео аларм за временски неприлики. Голем дел од Шпанците не поседувале ниту зимски гуми за своите возила па останувале заковани на патиштата.
Метеостаницата во Вега де Лиордес, место на 1874 мнв биле измерени -35,8 степени што е рекордно ниска температура во Шпанија.
Зимата влијаеше и на фудбалот. Марка излезе со насловна страна: „Филомена, дај ни да играме“
Прв со проблеми се соочи Реал Мадрид кој едвај полетал кон Памплона каде во саботата играше со Осасуна. Екипата тргнала ден порано од вообичаеното, но поради замрзната писта, играчите и стручниот штаб морале 4 часа да чекаат да полетаат.
Реал Мадрид беше гневен што Ла Лига не го одложила мечот. На крај конечно стигнале во Памплона каде мечот заврши без голови.
🙌🛬 ¡Estamos en Pamplona! @PalladiumHG | #HalaMadrid pic.twitter.com/UgyfXLf4I4
— Real Madrid C.F. (@realmadrid) January 8, 2021
Невообичаени услови за Шпанија:
❄️ 👊 Objetivo: ¡Volver de El Sadar con los 3️⃣ puntos!
— Real Madrid C.F. (@realmadrid) January 8, 2021
📍 #RMCity | #HalaMadrid pic.twitter.com/Yc2YtOJyHU
🤍 Entrenando de forma inusual...
— Real Madrid C.F. (@realmadrid) January 8, 2021
❄ ¡CON NIEVE! #HalaMadrid | #RMCity pic.twitter.com/li23JnxA9e
I love summer! 😜💪🏻 ⛄ ❄️ pic.twitter.com/HEq9DBabJw
— Sergio Ramos (@SergioRamos) January 7, 2021
А во Мадрид вака тече реконструкцијата на „Сантиаго Бернабеу“ под снег:
🤍 ¡El Bernabéu se cubrió de nieve! 🏟#HalaMadrid pic.twitter.com/V1JKCjGnJm
— Real Madrid C.F. (@realmadrid) January 7, 2021
Во меѓувреме шпанската Лига го одложи дербито на колото меѓу Атлетико Мадрид и Атлетик Билбао. Авионот со екипата од Баскија летал над мадридскиот аеродром Барахас но не можел да се призејми и се вратил назад за Билбао.
Немало услови за игра ниту на стадионот на Атлетико Мадрид ниту на помошните терени:
❄️ Nuestro equipo se ejercita hoy en el gimnasio de la Ciudad Deportiva debido a la capa de nieve y hielo con la que amaneció cubierto esta mañana el terreno de juego.
— Atlético de Madrid (@Atleti) January 8, 2021
🔴⚪ #AúpaAtleti | ⚽ #AtletiAthletic pic.twitter.com/liJDJ9n9EN
Проблем имале и екипите кои патувале со автобус до своите одредници. Олујата го оневозможила патувањето по околу 200 регионални патишта во земјата.
Рајо Ваљекано, на пример, тргнал на меч од Сегунда со Мирандес но не стигнал до крај. Играчите на крај морале да ги туркаат возилата кои дошле да ги вадат од снег.
🎥 Hola @CDMirandes vamos para allá. Por nosotros no va a ser pero esto está complicado 🌨️🌨️🌨️
— Rayo Vallecano (@RayoVallecano) January 8, 2021
Que lleguéis sanos todos los que tenéis que estar hoy en las carreteras. pic.twitter.com/7vPpcOjAcw
Ист бил и случајот со мечот Алкоркон и Албасете кој бил префрлен за недела. Албасете едвај тргнал по снег, но автобусот после некое време морал да се врати во Мадрид. На крај се одиграле сите натпревари во Сегунда, а од Ла Лига беше одложен само мечот Атлетико - Атлетик Билбао.
Queremos dar un mensaje de ánimo a todos los compañer@s que en estos dificiles momentos están atrapados en la #Nieve.
— Asociacion Castellana de Amigos del Autobús (@AmigosBus) January 8, 2021
Esperemos pronto estén en sus casas.
Si vives en una zona cercana y ves un autobús atrapado acercate y pregunta si necesitan mantas o agua y comida pic.twitter.com/AYVhIUK1OA
„5 часа во автобус за да поминеш 20 километри и да се вратиш во безбедно место за преспивање. Глупост која те тера да размислиш дали навистина им е до здравје и безбедност на луѓето или ние сме им само марионети“, пиша 26-годишниот фудбалер на Рајо, Оскар Валентин.
5 horas de autobús atascados para avanzar 20 km y volver , cada uno como puede a un lugar seguro para dormir . Un sin sentido que te hace pensar si de verdad se preocupan de la salud y seguridad de la gente o somos unas simples marionetas dirigidas.
— Óscar Valentín (@OscarValentin94) January 9, 2021
Веќе од неделата олујата го поминала Пиринејскиот полуостров, но Шпанците уште долго ќе ја паметат оваа рекордна зима за нив.