93-годишен навивач на Атлетико Мадрид првпат го видел новиот стадион

Атлетико Мадрид посветува многу големо внимание на своите навивачи. Така преку фондацијата „Посвои дедо“ која помага да им се остварат желбите на највозрасните луѓе, организирала прием на 93-годишен дедо голем љубител на Атлетико Мадрид. Му организирале посета на ултра модерниот стадион „Метрополитано“ при што тој се шокирал кога го видел колку е убав и голем домот на „црвено-белите“. „Е сега можам да заминам во мир“, рекол дедото.

25 ноември 2026 - 12:14