Во САД првпат се играше прволигашки фудбал на -7 степени

Во саботата на 2 март стартуваше регуларниот дел од сезоната во МЛС - најдобрата американска фудбалска лига. Фокусот го привлече мечот во Денвер, меѓу Рапидс и Портланд Тимберс.

Пред судиската свирка за почеток на мечот температурата на воздухот била -7,7 Целсиузови степени и овој натпревар станал најстудениот во историјата на лигата (почна 24 сезона викендов).

Но и покрај тврдиот студ и непрекинатото паѓање снег, на стадионот дошле 12.717 гледачи.

Навивачите на Колорадо се загревале со топол чај

Смрзнувачка

Во 60’ минута при резултат 2-2, судијата го прекинал мечот за да се исчистат линиите од теренот кои не се гледале:

Додека губеле 2-3 домашните навивачи не престанале со поддршка и нивниот тим израмнил во 90’ минута:

Интересно, Рапидс играле со играч помалку од 27’ минута кога бил исклучен нивен фудбалер, но на крајот стигнаа до бод. 

4 март 2019 - 13:09